Израел доби нова подморница од германско производство

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Израел денеска ја доби петтата подморница од германско производство која има најмодерни својства и може да остане под вода до една недела.

F160112KBG04-635x357

На официјалната церемонија во градот Хаифа, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека подводната флота „овозможува Израел да го одврати и уплаши непријателот кој настојува да не уништи“.

„Тие би требало да знаат дека Израел може да го удри многу силно секого кој се обидува да ни наштети“, додаде тој.
Најновата подморница наречена е Рахав по библиското морско чудовиште.