Израел дозволи влез на камион со храна за бебиња во Газа по двомесечна блокада

од Љубиша Владимиров
12 прегледи

Израел во понеделник дозволи влез на првиот камион со храна за бебиња во Појасот Газа, по повеќе од два месеци блокада, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Оваа одлука доаѓа по најавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе биде дозволено влегување на ограничена количина хуманитарна помош.

„Денеска Израел го олесни влезот на камион со храна за бебиња во Газа. Во наредните денови ќе дозволиме влез на десетици камиони со помош,“ изјави Деден Бар-Тал, генерален директор на Министерството за надворешни работи, на прес-конференција во Ерусалим.

Портпаролот на министерството додаде дека точниот број на камиони што влегле ќе го проверат преку телото на Министерството за одбрана кое ги следи цивилните операции во Газа и на окупираниот Западен Брег. Во меѓувреме, хуманитарните организации и ОН алармираат за сериозен недостаток од храна, вода, гориво и лекови во Газа, каде што повеќе од 19 месеци трае војната.

 Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека ризикот од глад во Појасот Газа расте, бидејќи околу два милиони луѓе таму веќе страдаат од недоволна храна. Под притисок од меѓународната заедница, Израел минатата недела објави дека ќе овозможи продолжување на ограничената хуманитарна помош, иако истовремено почна со големи копнени операции во регионот.

Премиерот Нетанјаху ја опиша одлуката да се дозволи влез на помош како „тешка, но неопходна“ во оваа ситуација.

Слични содржини