Израел ги отвори граничните премини во Газа по прекинот на огнот

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Израел денеска повторно ги отвори граничните премини во Појасот Газа, по прекинот на огнот со екстремистичката група Палестински исламски џихад (ПИЈ) со посредство на Египет, со што заврши најсериозниот конфликт со Палестинците во повеќе од една година.

Најмалку 44 лица, меѓу кои 15 деца, беа убиени за време на 56-часовниот конфликт, кој започна кога во напад на израелско беспилотно летало беше убиен висок командант на палестинскиот Исламски џихад.

Израел соопшти дека неговата акција била превентивен напад.

Слични содржини