Прекинот на огнот меѓу Израел и Палестина наскоро ќе стапи на сила, но до тогаш, Израел продолжува да цели на појасот Газа.
Палестинските медиуми јавуваат дека израелските авион иизвршува воздушни напади во појасот Газа пред примирјето, што ќе се случи за два часа.
Вооружените сили на Хамас посочуваат дека внимателно ќе следат што прави Израел во периодот до прекинот на огнот.
– Подготвивме голем удар, од Хаифа до Рамон (аеродром во Елијат). Внимателно ќе го следиме однесувањето на непријателот до 2 часот по полноќ и ќе го задржиме огромниот удар што го подготвивме за нашиот непријател – вели портпаролот на Хамас.
Едно лице е полесно повредено кога минофрлачка граната вчера погоди печатница во близина на границата со Газа, соопштија израелските власти.
Гранатата директно ја погодила зградата, објавија противпожарните и спасувачките служби. Жртвата има 53 години и е пренесена во блиската болница на лекување, велат медицинските лица.