Израел го бомбардираше Либан

од Milan1
46 прегледи

Израелската армија вчера бомбардираше цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи стотици ракетни фрлачи подготвени за напади врз израелска територија. Според соопштението на војската, авионите погодиле околу 100 ракетни фрлачи со капацитет за истрелување приближно 1.000 проектили.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ќе продолжат со активности за ограничување на инфраструктурата и капацитетите на терористичката организација Хезболах за да ја заштитат државата Израел“, стои во соопштението на вооружените сили.

Во меѓувреме, Белата куќа нагласи дека е неопходно итно дипломатско решение, додека Британија повика на брз прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах. Интензивното гранатирање дојде како одговор на напади во текот на неделата, за кои Либан и Хезболах ја обвинуваат Израел, при што загинаа 37 лица, а околу 3.000 беа повредени.

Слични содржини