2,1K
Постојаниот претставник на Израел во ОН Гилад Ердан денеска го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веднаш да поднесе оставка, нарекувајќи го неподобен да раководи со ОН.
„Генералниот секретар на ОН кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање на деца, жени и стари лица не е способен да раководи со ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка“, напиша Ердан на платформата Х.
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН го критикуваше Гутереш за неговите критики за нападите на Израел врз Газа, прашувајќи го „во каков свет живее“.