Израел: Хамас истрела 3.100 ракети, им соборивме 1.210

од Nikola Popovski

Од 10-ти мај палестинските радикали од појасот Газа истрелале околу 3.100 ракети кон Израел, а 1.210 биле соборени, соопшти денеска Министерството за одбрана на Израел. Од ескалацијата на судирите во понеделникот, најмалку 148 лица се убиени во Газа, од кои 41 дете. Израел пријави десет мртви, од кои две деца.

„Хамас и Исламскиот џихад испукаа 3.100 ракети од Газа во изминатите седум дена. Ова е најголемиот број ракети со Израел се сретнал во историјата“, се наведува во изјавата пренесена од ТАС С.

Министерството за одбрана на Израел додаде дека 450 проектили се срушиле во Газа, а 1.210 проектили биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана „Железна завеса“.

Поранешниот израелски министер за одбрана Нафтали Бенет исктана дека Израел, а не Хамас, ќе одлучи кога ќе ги прекине воените операции. Тој додал дека „Израел ќе продолжи со операциите се додека не биде завршена работата“.

Бенет, лидер на десничарската партија Јамина, за Би-Би-Си изјави дека сегашните жртви се директен резултат на одлуката на Хамас да започне конфликт.

Слични содржини