Израел и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за слободна трговија

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Израел и Обединетите Арапски Емирати денеска во Дубаи потпишаа договор за слободна трговија, објави на Твитер израелскиот амбасадор во ОАЕ Амир Хајек.

„Готово е“, напиша израелскиот дипломат на Твитер, по твитот во кој претходно најави дека ОАЕ и Израел во следниот час ќе потпишат договор за слободна трговија, пренесува Ројтерс.

Потпишувањето на договорите има за цел да ја поттикне трговијата меѓу двете земји.

Слични содржини