Израел и Турција одлучија да ги обноват целосните дипломатски врски и ќе назначат амбасадори по постојаното подобрување на односите, објави во средата кабинетот на израелскиот премиер Јаир Лапид.
„Подобрувањето на односите ќе придонесе за продлабочување на врските меѓу двата народа, проширување на економските, трговските и културните врски и зајакнувањето на регионалната стабилност“, се вели во соопштението по средбата меѓу Лапид и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Двете земји меѓусебно ги протераа амбасадорите во 2018 година, откако израелските сили убија 60 Палестинци за време на протестите на границата со Газа против отворањето на американската амбасада во Ерусалим.
Посетата на Турција на израелскиот претседател Исак Херцог во март, проследена со официјални посети на двајцата министри за надворешни работи, помогна да се подобрат односите по повеќе од една деценија напнатост.
„Одлучено е нивото на односите меѓу двете држави да се подигне на ниво на целосни дипломатски врски и да се вратат амбасадорите и генералните конзули на двете држави“, се вели во соопштението.