издаде предупредување на највисоко ниво против патување во руската република Дагестан и регионот на Северен Кавказ, откако стотици антиизраелски демонстранти упаднаа на локалниот аеродром при пристигнувањето на летот од Израел вчера за да ги линчуваат неговите патници, објавија британските медиуми, пренесе БТА.
Дваесет и две лица беа повредени пред безбедносните сили, кои беа принудени да го затворат аеродромот, да ја стават ситуацијата под контрола.
Во телевизиска изјава во живо на заедничката средба на Советот за безбедност, министрите и шефовите на агенциите за спроведување на законот за она што се случи во Дагестан, рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните разузнавачки служби и Украина за поттикнување немири во руската република.
Според неговите зборови, „владејачките елити во САД“ и „нивните сателити“ стојат зад убиствата на Палестинците во Газа и зад настаните во Украина, Сирија и Ирак.
Руските органи за спроведување на законот соопштија дека привеле 80 лица по немирите на аеродромот во главниот град на Дагестан Махачкала и извршиле повеќе од 50 претреси во врска со случајот, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за внатрешни работи.