Израел ја депортира Грета Тунберг и ја испраќа во Франција

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Климатската активистка Грета Тунберг е депортирана од Израел, објави денес израелското Министерство за надворешни работи.

Министерството објави фотографија од Тунберг во авион во соопштение на мрежата „X“, заедно со информацијата дека е испратена во Франција, пренесува АП.

Пропалестинските активисти од бродот „Мадлен“ што се обиде да достави хуманитарна помош во Појасот Газа, вклучувајќи ја и шведската климатска активистка Грета Тунберг, беа однесени претходно на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, од каде што е предвидено да бидат депортирани во нивните матични земји во наредните часови.