Израелските борбени авиони продолжија да таргетираат бројни цели во Газа, а според последните извештаи, уништена е и Исламската народна банка.
Да потсетиме, израелските сили претходно ја демолираа кулата „Ал Шурук“ во Газа, откако преходно неколку пати ги предупредувале жителите да заминат.
Тоа е најголемата висококатница во Газа, а израелските медиуми потсетуваат дека е трета висококатница што Израел ја сруши од понеделникот вечерта, кога започна конфликтот со исламската Хамас, која владее со појасот Газа.
What left of Al-Shuroq building in Gaza #GazaUnderAttack pic.twitter.com/Zn0jTaF2l2
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) May 12, 2021
Израел тврди дека канцелариите на командантите на палестинските екстремистички организации се наоѓаат во таквите згради.
Според извештаите од социјалните мрежи, мета била и џамијата во градот Ал Лидо, како и куќите во Бејт Ханун во Газа.
Palestinian mosque in the city of Al-Lid under attack. pic.twitter.com/89HK9DuUxd
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) May 12, 2021
Откако беше уништена кулата Ал-Шурук, Хамас возврати со голем број ракети кон Израел.
Бран насилство и конфликти ги зафати еврејското и арапското население. По Ерусалим и Лода, на ред биле и Хаифа и Тел Авив.
Грдите сцени на кршење продавници, палење автомобили, тепачки станаа секојдневие втор ден по ред. Како што ракетните напади се зголемуваат, така се зголемува и насилството.
Досега, најмалку 56 лица се убиени во нападите во Газа, од кои 14 деца, а над 330 се повредени.
Од друга страна, израелскиот ТВ-канал 12 објави дека од Газа биле испукани најмалку околу 1.200 ракети, а дека најмалку 200 не прелетале преку граничната ограда, туку паднале на палестинска територија.
Израелската војска соопшти дека системот за противракетна одбрана „Железна купола“ пресретнал 85 до 95 проценти од ракетите истрелани врз станбените области.
Најмалку седум лица билеубиени од израелска страна, од кои три жени, две деца и еден војник.