Израелската армија денеска соопшти дека ја „проверува“ објавата на палестинското исламистичко движење Хамас за смртта во израелски напад на десетмесечно бебе, најмладиот заложник киднапиран на 7 октомври, неговата мајка и четиригодишниот брат.
Армијата ја проверува „вистинитоста на таа информација“ и претставници на армијата разговарале со семејството Бибас, се вели во соопштението на израелската армија.
„Одговорноста за безбедноста на сите заложници во Појасот Газа е на Хамас, кој ги загрозува животите на заложниците, меѓу кои и девет деца. Хамас треба веднаш да ги ослободи, додаде армијата.
Бригадата Ал Касим, вооруженото крило на Хамас, денеска преку соопштение објави дека Шири, Ариел и Кфир Бибас биле убиени во израелското „бомбардирање на Појасот Газа“.