261
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш изјави дека Израел „мора максимално да се воздржи од акција и да го почитува правото на мирно собирање“, изјави портпаролот на ООН, Стефан Дијарик, во време на зголемените тензии со Палестинците во источен Ерусалим околу Ал-Акса, третата најсвета џамија на муслиманите.
„Генералниот секретар изрази длабока загриженост во врска со насилството во окупираниот источен Ерусалим, како и можното иселување на палестинските семејства од нивните домови“, додаде Дијарик, објави „Ројтерс“.
Гутереш апелираше до Израел да престане со рушењето и иселувањето на луѓето од нивните домови и посочи дека статусот кво мора да се одржува и почитува на светите места.