Сите пациенти со коронавирус, кои се во критична состојба и кои сега се приклучени на респиратори во Израел, се помлади од 60 години и невакцинирани, стои во податоците на Здружението ECMO (екстракорпорална мембрана оксигенација).
Покрај тоа, беше наведено дека сите оние што починале откако биле поврзани со уреди за одржување во живот не биле имунизирани.
ECMO се користи во исклучително критични случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата.
Околу половина од сите пациенти кои биле поврзани на респиратори починале, и покрај таквиот третман поради сериозноста на симптомите, пренесуваат израелските медиуми.
Од почетокот на четвртиот бран, 31 невакцинирани пациенти се приклучени на уредите, а петмина починале, сите помлади од 60 години.
Шест пациенти постари од 60 години исто така биле на апаратите некое врем и тоа оние кои ја примиле вакцината четири до шест месеци пред хоспитализација, но преживеале.
Претседателот на здружението, д -р Џигал Касиф, изјавил дека податоците докажуваат дека невакцинираните страдаат од посериозни симптоми на коронавирус.
Пациентите на возраст од 40 до 60 години умираат на респиратори, додека постарите пациенти кои имаат поврзани болести, но се вакцинирани, преживуваат, додаде тој.
„Вакцините штитат од смртни случаи поврзани со коронавирус и потребата пациентот да биде на уреди. Секој што не видел сериозно болен пациент заразен со вирусот на уредот, не може да го разбере тоа“, рече израелскиот лекар.
Арие Сороски, шеф на одделот за интензивна нега во Медицинскиот центар Волфсон во Холон, рече дека невакцинираната помлада популација е особено подложна на сериозни болести.
„Прво им се дава кислород, ако тоа не успее, се ставаат на респиратор, а кога ни тоа не е доволно, членовите на нивните семејства често брзаат да се вакцинираат“, објасни д -р Сороски.