Израел: Не се согласивме да ги ослободиме членовите на исламскиот џихад

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Министерот за внатрешна безбедност на Израел, Омер Барлев, денеска изјави дека договорот за прекин на огнот со палестинскиот исламски џихад не вклучува договор за ослободување на двајца високи членови на таа организација кои се во израелски притвор.

„Израел не се согласи на ништо, ние одговоривме негативно на нивните барања“, изјави Барлев за јавната телевизија Кан.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Исламскиот џихад, постигнат со посредство на Египет, вклучуваше ветување дека ќе се работи на ослободување на Калил ал-Ававда, палестински член на Исламскиот џихад кој штрајкува со глад откако Израел го приведе без обвинение.

Слични содржини