Израел: Неделава уапсени 200 членови на Хамас и Исламски џихад

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Израелските власти денеска соопштија дека оваа недела се уапсени 200 членови на Хамас и Исламски џихад и се однесени кај надлежните израелски власти на дополнително испитување.

Во соопштението се наведува дека некои од осомничените се криеле меѓу цивилното население и доброволно се предале, јавува Би-би-си.

Израел објави дека 700 палестински милитанти се уапсени од почетокот на воената операција и инвазијата на Појасот Газа со цел да се елиминира Хамас.

Слични содржини