Израел: Нетанјаху му предложи на шефот на радикалната десница да биде премиер

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Ден пред крајниот рок за формирање влада во Израел, премиерот Бенјамин Нетанјаху во понеделникот му предложи на шефот на радикалната десница Нафтали Бенет да ја заземе првата позиција на шеф на владата, во рамките на евентуалниот договор на ротацијата на власта.

Нетанјаху, кој има рок до вторник навечер да коалицира, води последни разговори за да ја собере радикалната десница во владата и со тоа да остане на власт.

„Го повикувам Нафтали Бенет денес да потпише договор за воспоставување на десна влада, со ротација според која тој ќе ја води првата година и да се обврзе дека нема да се приклучува на ниту една друга влада“, наведе Нетанјаху во објавата на Фејсбук.

Но, Бенет засега ја одби понудата и го обвини Нетанјаху дека се свртел против неговата партија во последните неколку недели.

„Формирајте влада и ќе бидеме тука ако ви треба помош“, рече Бенет.

Доколку Нетанјаху не успее да формира влада до вторник до 23:59 часот или не добие одложување во последен момент, претседателот Ревен Ривлин ќе му даде мандат на некој друг да се обиде да формира влада.

Слични содржини