338
Израел планира вакцината против коронавирус на Pizer/Biontek да ја дава на адолесценти на возраст меѓу 12 и 15 години, откако ќе биде одобрена од американската Администрација за храна и лекови, изјави денеска министерот за здравство на таа земја, Јули Еделштајн .
„Сега не претстои ништо повеќе од брзо одобрување на дополнителни набавки на вакцини, така што ќе можеме да бидеме подготвени да извршиме вакцинација“, рече Еделштајн.
Од Pizer велат дека се надеваат дека вакцинирањето на таа возрасна група ќе започне пред следната учебна година.
Вакцината на компанијата веќе е одобрена за употреба кај лица над 16 години.