194
Израел денеска го откри она што беше јавна тајна веќе две децении – дека Тел Авив користел дронови не само за надзор, туку и за напади внатре во земјата, против палестинските екстремисти во појасот Газа и можните цели во Иран и Судан.
Ова го изјави командантот на израелските артилериски трупи, кои управувале со дроновите заедно со воздухопловните сили, бригадниот генерал Нери Хоровиц на годишната конференција UVID за технологија на дронови во Тел Авив, пренесе „Ројтерс“.
Вооружените дронови не само што овозможувале дополнителни напади, туку биле задолжени за брзо откривање и напад на цели како што се палестинските екипажи задолжени да лансираат ракети во Газа.