Израел размислува за прекин на огнот, но истовремено се подготвува да продолжи со нападите

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Продолжуваат судирите во појасот Газа. Ракети летаат од двете страни. Советот за безбедност на ОН повторно без заеднички став.

Портпаролот на израелската армија, Хидај Зилберман, изјави дека армијата синоќа извршила уште една фаза на систематско гаѓање на мрежата тунели на Хамас во Појасот Газа. Во напад на израелската армија на уште една зграда во Газа,униште е последниот кат.

Медицинските службеници во Газа соопштија дека шест лица загинале во последните напади на израелските сили и дека 219 Палестинци се убиени од почетокот на борбите на 10 мај, вклучувајќи 63 деца и над 1.530 ранети, пренесе Ројтерс.

Хамас и Исламски џихад ја потврдија смртта на 20 нивни членови, а израелските власти тврдат дека бројот е најмалку 130, додека во Израел официјално се потврдени 12 мртви лица, меѓу кои и две деца.

Еден Палестинец загина, а повеќе од 70 се ранети во судирите во Ерусалим и на Западниот брег, од кои 16 со огнено оружје.

Израел проценува дали се исполнети условите за запирање на воената кампања против палестинските екстремисти во Појасот Газа, но во исто време се подготвува да продолжи со воздушните напади во наредните денови доколку има потреба, изјави израелски воен извор.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, на брифингот за странските дипломати рече дека Израел „се обидува да постигне состојба на заплашување против Хамас за да се стави крај на борбата“, но дека не исклучува „други опции“ во кои, како што рече, освојување на Газа.