Во суд во градот Хаифа е поднесена тужба од локален жител против Бог, соопштува The Times of Israel, цитиран од “Фокус”. Човекот, чие име не се споменува, се жали дека Севишниот во последно време е крајно нефер со него. Во протоколот од седницата на судот се наведува дека Бог не се појавил како обвинет во случајот.
Судијата ја определил како смешна тужбата и го советувал жалителот “да се обрати за помош кон некој друг”.
Тужителот и предходно се тужел против Бог, во текот на три години тој барал на Бог да му се забрани да му се приближува, но полицијата одбила да го преземе случајот.
