Израелската армија соопшти дека денес е истрелана ракета од Појасот Газа кон југот на Израел, а проектилот паднал на отворено поле.
Сирени се слушнале и во Нахал Оз во близина на Појасот Газа, пишува „Џерусалим пост“.
Ракетниот напад се случи два дена откако двајца команданти на организациите Исламски џихад и Хамас, Нидал Хазем и Јусуф Шрајм, беа убиени во судирите со израелската армија во Џенин на Западниот Брег.