Израелска војска: Над 250 камиони со помош влегле во Газа

од desk2
7 прегледи Фотографија: WFP на X.com

Над 250 камиони со помош влегле во Појасот Газа денеска, соопшти израелската војска, три дена откако почна да го зголемува протокот на залихи во загрозената палестинска територија поради извештаите за непосреден глад.

„Дополнителни 260 камиони влегоа во Газа и сега чекаат собирање и дистрибуција, заедно со стотици други кои сè уште чекаат во ред за преземање од ОН“, напиша на X, израелскиот воен орган одговорен за одобрување и координирање на транспортот на помош ЦОГАТ (COGAT).

Вчера повеќе од 200 камиони со залихи влегоа во затворената крајбрежна област. Но голем дел од помошта што пристигнува, беше уништен од Израелци – цивили, кои ја газеа и кинеа храната, велејќи дека целата помош оди за борците на Хамас.

 

Израел дозволи големи испораки на помош во Газа за прв пат по неколку месеци во неделата, најавувајќи дневни „хуманитарни“ паузи во борбите во три области во Појасот за да им се овозможи на конвоите со помош безбедно да стигнат до цивилите.

Се вели дека повеќе од 100 луѓе починале од неухранетост откако Израел започна сериозно да го ограничува приливот на помош во март.