203
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска одржа состанок за „специјална проценка на ситуацијата“ со шефовите на војската, Мосад и Шин Бет за напорите да се вратат израелските заложници кои ги држат палестинските терористи во Газа, соопшти неговиот кабинет.
– Ги правиме сите напори да ги вратиме заложниците и целосно да го завршиме тековниот процес за враќање на сите киднапирани жени и деца во Газа, се вели во изјавата на Галант.
– Силите на ИДФ во воздух, море и земја се подготвени веднаш да ги продолжат борбите, додаде тој.