Израелската армија во денешниот напад со дрон уби еден припадник на Исламски џихад, вмешан во повеќе терористички напади во Израел.
Палестинецот е убиен во секторот Џенин во окупираниот Западен Брег.
– Цел на нападот беше Јасер Ханун, жител на Џенин и терорист на Исламски џихад, кој претходно бил приведен поради учество во воените активности на терористичката организација. Тој се подготвуваше да изврши уште еден напад, се наведува во соопштението на израелската армија.
Според палестинското Министерство за здравство од почетокот на војната на 7 октомври минатата година израелските сили убиле повеќе од 360 луѓе во Западниот Брег.