Израелската армија објави дека вчера идентификувала три ракети истрелани од правецот на Сирија кон израелска територија. Дамаск не даде коментар по тој повод.
Во соопштението на армијата се вели дека една ракета завршила внатре во територија на Сирија, во текот на вечерните часови.
BREAKING: 3 rockets were just fired from Syria toward Israel, 1 of which fell in Syria. pic.twitter.com/WrwhjVfOy4
— Israel Defense Forces (@IDF) May 14, 2021
Две ракети паднале на отворено подрачје на југот од Голанската висорамнина, додека друга паднала на територијата на Сирија. Не е забележано дека има повредени.
Од Газа биле истрелани околу 2.000 ракети, три лансирани во четвртокот од Либан кон северен Израел, но тие слетале во Средоземното море. Истрелите исто така не предизвикале штета или жртви, соопшти израелската војска.
Инцидентот се случува во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа, што доведе до избувнување на меѓуетнички конфликт во самиот Израел, како и насилство на Западниот брег.