Израелската армија откри тунел во Газа каде биле скриени заложниците

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) открија нова просторија во тунелите на Хамас во Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде што наводно биле држени заложниците киднапирани од јужен Израел на 7 октомври минатата година.

Армијата соопшти дека таму во различни периоди имало 12 заложници, од кои тројца веќе се вратиле во Израел, пренесува „Тајмс од Израел“.

До таа ќелија пронајдена е бања и просторија во која биле сместени луѓето кои ги чувале затворениците.

Како што посочија од израелската армија, тунелот претходно бил користен како скривалиште на претставници на Хамас, а потоа бил пренаменет за држење заложници, а во него биле пронајдени многу предмети и оружје.

Од Армијата  дека тунелот е изграден среде населено место во градот Кан Јунис.

Хамас денеска предложи план за примирје што ќе трае 135 дена во три фази и ќе доведе до крај на војната.

Слични содржини