11
Израелските одбранбени и воени сили утрово пукале во неколку возила со сомнителни лица за да ги спречат да стигнат до забранетата зона на либанска територија, по што возилата се оддалечиле, се наведува во соопштението на израелската армија (ИДФ).
Најавата на израелската армија дојде неколку часа по стапувањето на сила на прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, пренесува Ројтерс.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утринава во 04:00 часот по локално време.