Израелската војска суспендираше група војници кои беа снимени како пушат наргиле и се шегуваат пред уапсени Палестинци со врзани очи.
Видеото на кое се гледа како војници се смеат и јадат во иста просторија каде што се држат најмалку седум Палестинци со врзани очи стана вирално на интернет за два дена.
Israeli soldiers mock blindfolded and detained Palestinians in Jenin in video posted on social media, smoking hookah and eating chips pic.twitter.com/w8VLmbBUC4
— Anadolu English (@anadoluagency) December 19, 2023
„Однесувањето на војниците на видеото е за осуда и е во целосна спротивност со вредностите на ИДФ (Израелските одбранбени сили)“, изјави портпаролот на израелската војска.
По сослушувањето, резервистите се суспендирани до понатамошно известување, додаде портпаролот.
Видеото снимено во градот Џенин на окупираниот Западен Брег за два дена го погледнале милиони корисници на социјалните мрежи.
На интернет кружат уште неколку видеа и фотографии на кои се гледа како израелски војници пребаруваат куќи, уништуваат стоки во продавници, се обидуваат да запалат залихи со храна или извикуваат расистички слогани во Појасот Газа.