324
Израелската армија (ИДФ) тврди дека нејзини членови го убиле Хасан ал-Атраш, функционер на Хамас задолжен за снабдување на военото крило на милитантната група, за време на воздушен напад врз Рафах, јужно од Појасот Газа, во петокот.
Ал Атраш, според ИДФ, бил одговорен за снабдување и производство на оружје за Хамас, како и за шверц на оружје од различни земји во Појасот Газа.
Како што се додава, Ал-Атраш бил вклучен и во снабдувањето со оружје на терористите на Западниот Брег.
ИДФ објави видео од нападот на Рафах, додека палестинските медиуми објавија дека најмалку три лица загинале во воздушниот напад, пренесува The Times of Israel.