148
Израелската војска денеска соопшти дека уништила командно-контролен центар што го користела единица на Хамас во градот Газа. За време на операцијата во областа Шеџаија, која се смета за едно од последните упоришта на Хамас во Појасот Газа, војниците убиле голем број милитанти.
Уништен е и комплекс на тунели, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ). Германската новинска агенција dpa пишува дека не е можно самостојно да се потврди оваа информација.
Пред неколку дена израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека командниот центар на Хамас во Шеџаија е опколен.
Израел проценува дека палестинското екстремистичко движење има вкупно 24 баталјони, секој со околу 1.000 членови.