Израелската армија: Во Газа нема прекини на огнот, туку тактички и локални паузи

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека нема прекин на огнот во Појасот Газа, туку дека има „тактички, локални паузи“ за испорака на хуманитарна помош за цивилите.

„Овие тактички паузи се ограничени во време и простор“, се вели во соопштението на ИДФ на социјалната мрежа Х.

Се додава дека израелската армија обезбедува хуманитарни коридори за цивилите во Газа кои „привремено“ се движат кон југ во „побезбедни области каде што може да им се обезбеди хуманитарна помош“, пренесува „Танјуг“.

„Ова е војна против Хамас, а не против народот во Газа“, нагласи ИДФ.

Слични содржини