Израелската авијација утрово изврши серија воздушни напади врз локациите на палестинските милитанти во Појасот Газа, соопштија жителите на Газа.
Израелската војска соопшти дека воздушните напади биле насочени кон подземна фабрика за производство на ракети на Хамас, милитантната група која владее со Газа.
Во моментов нема извештаи за евентуални жртви.