231
Израелската полиција, целосно опремена да ги разбие демонстрациите, утринава упадна во џамијата Ал Акса во Ерусалим, чиј комплекс е свет и за Евреите и за муслиманите, откако палестинските млади момчиња фрлаа камења на портата каде што стоеја полицајците.
Полицијата влезе во дворот на комплексот и испука гумени куршуми и шок бомби врз Палестинците за да им овозможи на верниците да се молат.
Палестинскиот Црвен крст соопшти дека најмалку 27 Палестинци се повредени, од кои двајца потешко.