194
Израелската влада денеска го усвои спорниот државен буџет за 2024 година со амандмани на кои се додадени 55 милијарди шекели (околу 13,4 милијарди евра), соопштија од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Министерството за финансии.
Ревидираниот буџет вклучува повеќе пари за одбрана и компензација за погодените од конфликтот со Хамас, повисоки средства за здравството, полицијата, благосостојбата и образованието, објави Ројтерс.
„Ги сменивме приоритетите за секој резервист и секој борец и неговото семејство да знаат дека има влада која стои зад нив и целосно се грижи за нив“, изјави министерот за финансии Безалел Смотрич по гласањето за буџетот.