Израелската војска соопшти дека нема хуманитарна криза во Газа

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Воениот портпарол на Израел го негираше постоењето на хуманитарна криза во Газа.

Од смртоносните напади на Хамас на 7 октомври, Израел го блокираше прекуграничното снабдување со електрична енергија, гориво и вода за Појасот Газа и изведува воздушни напади на територијата.

Утринава агенцијата на ОН за палестински бегалци предупреди дека болестите што се пренесуваат преку вода може да почнат да се шират бидејќи поголемиот дел од Газа нема вода за пиење.

Но, во интервју за BBC Newsnight, потполковникот Ричард Хехт инсистираше на тоа дека во Газа има струја и вода.

„Немаме обврска да му доставуваме струја на Хамас“, вели Хехт. „Луѓето кои нè нападнаа веќе неколку години го контролираат Појасот Газа. Имаат струја“, додава тој.

Слични содржини