318
Командантот на израелскиот оклопен корпус Хишам Ибрахим денеска објави дека неговите борци заедно со другите припадници на копнените сили се блиску до остварување на својата воена мисија во северниот дел на Газа.
„Целите во северниот дел на Газа се речиси остварени. Продолжуваме со копнените операции во другите делови на Појасот Газа со една цел: уништување на терористичката група Хамас“, изјави бригадниот генерал Хишам Ибрахим за израелското воено радио, пренесува „Ројтерс“.
Тој нагласи дека во четвртата недела од израелските воени операции се постигнати значајни воени цели.