Израелски министер го повика Нетанјаху да го прекрши договорот за прекин на огнот

од Radmila Tasevska

Израелскиот министер за јавна безбедност Итамар Бен Гвир денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да не го почитува примирјето бидејќи палестинскиот Хамас истрела три „експлозивни направи“ врз израелските војници стационирани во северниот дел на појасот Газа.

Бен Гвир го повика Нетанјаху да и нареди на армијата „насилно да го скрши Хамас“, јави Бета повикувајќи се на „Тајмс оф Израел“.

– Не можеме да чекаме да ги убијат нашите борци, напиша Бен Гвир во изјавата.

Соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ) за нападот врз израелските војници е прва информација за прекршување на четиридневниот договор за прекин на огнот, кој во понеделникот беше продолжен за два дена.

Сепак, според аналитичарите, малку е веројатно дека Израел ќе го прекрши договорот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини