Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен изјави дека неговата земја ќе ја продолжи војната против палестинската организација Хамас по завршувањето на привремениот прекин на огнот.
Денеска започна прекинот на огнот за ослободување на 50 заложници кои Хамас ги држеше во Газа во замена за 150 Палестинци од израелските затвори.
Размената би требало да трае четири дена, наведува АП.
Договорот може да се продолжи – за по еден ден за секои дополнителни 10 заложници.
На 7 октомври Хамас киднапираше околу 240 луѓе во напад на јужен Израел.
Ќе ја продолжиме војната и нема да запреме додека не постигнеме две главни цели – соборување на владеењето на Хамас и враќање на сите киднапирани лица, рече Коен.