Израелски министер: Војната против Хамас ќе продолжи по завршувањето на прекинот на огнот

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен изјави дека неговата земја ќе ја продолжи војната против палестинската организација Хамас по завршувањето на привремениот прекин на огнот.

Денеска започна прекинот на огнот за ослободување на 50 заложници кои Хамас ги држеше во Газа во замена за 150 Палестинци од израелските затвори.

Размената би требало да трае четири дена, наведува АП.

Договорот може да се продолжи – за по еден ден за секои дополнителни 10 заложници.

На 7 октомври Хамас киднапираше околу 240 луѓе во напад на јужен Израел.

Ќе ја продолжиме војната и нема да запреме додека не постигнеме две главни цели – соборување на владеењето на Хамас и враќање на сите киднапирани лица, рече Коен.

Слични содржини