Израелски пратеник ја поддржа тужбата за геноцид, парламентот размислува да му го одземе мандатот

од Nikola Popovski
246 прегледи

Израелскиот парламент, Кнесетот размислува за отстранувањето на мандатот на претставникот на арапско-еврејската партија „Хадаш“ Офер Касиф, поради поддршката на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.

Касиф е еден од најострите критичари на воената акција на Израел во Газа и потпиша петиција за поддршка на тужбата на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Касиф пред пратениците го отфрли обвинувањето дека поттикнува „вооружена борба“ против Израел, пренесуваат агенциите.

По нападот на палестинската организација Хамас на југот на Израел на 7 октомври, на Касиф му беше забрането да присуствува на седниците на парламентот во траење од 45 дена, бидејќи некои пратеници тврдеа дека во своите изјави направил паралела помеѓу холокаустот и воената политика на Израел.

Слични содржини