Израелски пратеник на телевизија: Синоќа убивме речиси 100 луѓе во Газа, никому не му е гајле

од Nikola Popovski
267 прегледи

Член на израелскиот парламент и претставник на радикално десничарската ционистичка партија, Цви Сукот изјави во живо во телевизиска емисија дека Израел убил повеќе од сто жители на Газа во текот на ноќта и дека никому не му е гајле.

За време на дебатата на израелскиот „Канал 12“ со коментаторот Хаим Левинсон, Сукот рекол дека израелските безбедносни сили се способни да дејствуваат на повеќе фронтови одеднаш и да користат сила што „не можел ни да ја замисли“ кога беше формирана оваа влада пред повеќе од две години.

„Речиси 100 жители на Газа беа убиени синоќа. А прашањето што ми го поставивте нема никаква врска со Газа. Дали знаете зошто? Затоа што никому не му е гајле. Сите веќе се навикнати на фактот дека, среде војна, можеме да убиеме 100 луѓе во Газа за една ноќ, а никому не му е гајле“, истакнал Сукот, очигледно алудирајќи на фактот дека настаните од војната, кои некогаш предизвикаа големо внимание во Израел и во светот, денес минуваат речиси без реакција, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини