Израелски тенкови ја преминале граничната ограда со Сирија за прв пат по 50 години

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Израелски тенкови денеска ја преминаа граничната ограда со Сирија за прв пат по 50 години, објави израелскиот весник Марив.

Како што се наведува, целта на израелската армија е да ги спречи сириските вооружени сили, како и цивилите, без разлика дали се бунтовници или поддржувачи на претседателот Башар ал Асад, да се приближат до израелските позиции.

Израелскиот министер за прашања на дијаспората Амихаи Чикли претходно изјави дека Израел мора „да воспостави нова линија на одбрана врз основа на линијата за прекин на огнот од 1974 година“.

Слични содржини