Прогонуван од злосторствата на коишто бил сведок и во коишто учествувал при дејствувањето на израелските вооружени сили во Појасот Газа и во Либан, израелскиот војник Даниел Едри си го одзел животот кога се вратил во Израел.
Израелски медиуми известуваат дека Едри во петокот се запалил во својот автомобили во шумата Бирија кај Сафада, во Горна Галилеја.
Според извештаите, страдал од тешка психичка траума, поради војните во Либан и Газа. Неговата мајка побарала војнички погреб, но досега барањето не било добрено.
„Ми рече дека гледал ужаси и кажа: Мамо, го чувствувам мирисот на телата и постојано гледам тела. Не можам повеќе!“, се присетува мајката на Даниел.
Според извештаи од израелската војска, бројот на самоубиства во нејзините редови значително се зголемил од почетокот на воената акција во Газа.