Израелскиот МО: Без воен притисок нема ослободување на заложниците

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант смета дека воен притисок врз палестинската милитантна група Хамас е поверојатно да доведе до ослободување на затворениците кои ги држи таа група, наместо до ослободување да доведе голема размена на затвореници.

„Ако нема воен притисок врз Хамас, нема да има никаков напредок“, рече Галант, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Галант во неделата се сретна со членовите на семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас во Газа.

„Приказните објавени од Хамас се дел од нивните психолошки игри. Хамас цинично ги користи оние кои ги сакаме – тие ја разбираат болката и притисокот“, рече Галант за време на разговорот со роднините на некои од 230-те заложници кои Хамас ги држи во Газа.

Тој им порача на семејствата на заложниците дека размената на затвореници по принципот „сите за секого“ не е изводлива.

„Да беше толку едноставно, замената немаше да биде проблем. Да беа такви услови во прашање, тоа ќе го направевме утре наутро. Но, условите не се такви“, изјави Галант.

Слични содржини