Израелскиот воен кабинет утре ќе заседава по критиките заради одобрувањето влез на гориво во Газа

од Radmila Tasevska
416 прегледи

Израелскиот воен кабинет утревечер ќе се состане, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер, во време кога некои од неговите министри се огорчени поради одлуката на Воениот кабинет да дозволи влез на два камиони со гориво дневно во Газа.

Овој потег беше направен поради притисокот од САД, бидејќи недостигот на гориво во Појасот Газа ги запре хуманитарните операции, дополнително ризикувајќи ширење на болести и глад, објави „Тајмс оф Израел“.

САД, па дури и Израел тврдат дека дозволувањето на помошта го проширува дипломатскиот маневар на Ерусалим за продолжување на воените операции во Газа, пишува порталот.

Екстремно десничарските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир денеска експресно ја осудија одлуката на воениот кабинет во врска со горивото, а поранешниот министер му пиша на премиерот Бенјамин Нетанјаху барајќи секоја партија во коалицијата да биде претставена во петчлениот воен кабинет.

Израел се согласи да дозволи два камиони дневно гориво во Газа за потребите на ОН, како и за водоводни и канализациски системи, изјави израелски претставник.

Воениот кабинет ја донесе одлуката врз основа на препораката на израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет и на барање на американски официјални лица.

Целта на одлуката е овозможување минимално одржување неопходно за водоводните, канализациски и санитарни системи за да се спречат пандемии што може да се прошират низ целата територија, негативно да влијаат на жителите на Појасот Газа, како и на израелските сили и потенцијално ширење во Израел.

Израелски функционер тврди дека овој потег „ќе му го понуди на Израел потребниот дипломатски простор за маневрирање за да го елиминира Хамас“.

Слични содржини