Израелските лидери во бункер, воена вежба со која се симулира појава на смртоносна епидемија

од Milan1

Израелскиот премиер Нафтали Бенет и неговите најблиски високи соработници денеска се засолниле во воен бункер за време на воена вежба со која се симулира избивање на нова, смртоносна варијанта на Ковид-19.

Премиерот ја опиша целодневната вежба „Омега“, именувана според измислен вид на вирусот, како мерка на претпазливост да го одржи Израел подготвен за „секое сценарио“. Антинуклеарниот комплекс во ридовите на Ерусалим, познат како „Национален центар за управување“, исто така беше искористен за координирање на првите реакции на новиот коронавирус САРС-КоВ-2 во март 2020 година. Бункерот е изграден пред повеќе од една деценија поради страв од иранската нуклеарна програма и ракетната пресметка со Либан и појасот Газа.

Во најновата вежба беа вклучени и цивилни и воени лидери, а во неа се симулираа масовно тестирање, хоспитализација и полициски час. Резултатите од оваа симулациска вежба Израел ќе ги сподели со своите партнери.

-Израел е безбеден и заштитен. За да го одржиме ова и да обезбедиме продолжување на нормалниот живот, мораме да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и да се подготвуваме за секое сценарио, рече Бенет.

 

Слични содржини