Израелските одбранбени сили: На северот на Газа убиени десетици борци на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утринава соопштија дека „десетици“ борци на Хамас биле убиени во текот на ноќта, откако „терористичките ќелии во северниот дел на Појасот Газа истрелале противтенковски ракети, активирале експлозивни направи и фрлале бомби“.

Израелската војска одговори со артилериски оган, тенкови, воздушен напад од хеликоптер и ракетен напад од брод.

ИДФ извести и за продолжување на копнените операции.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека војската фрлила повеќе од 10.000 парчиња муниција само врз градот Газа од почетокот на конфликтот и дека напредува кон својата цел да го елиминира Хамас.

Повеќе од 400 луѓе кои беа заробени во Газа, вклучително и странски државјани, преминаа во Египет.

Се очекува преминот повторно да биде отворен подоцна денеска за да се овозможи повеќе луѓе да ја напуштат областа.

Војната меѓу Израел и Хамас трае веќе 27 дена.

Во Појасот Газа во војната беа убиени повеќе од 8.700 Палестинци, главно деца и жени, а во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во првите напади на Хамас на јужната израелска територија.

Слични содржини