247
Повеќе од 1.000 ракети се истрелани кон Израел од Појасот Газа од почетокот на ескалацијата, соопштија денеска израелските одбранбени сили.
– Околу 850 ракети ја преминаа израелската граница, а 200 паднаа во појасот Газа – рече воениот портпарол, како што објави израелскиот „Канал 7“.
Пет лица се убиени во ракетни напади од појасот Газа од понеделникот, 10 мај. Две жени загинаа вчера во Ашкелон, а уште една синоќа во Ришон Лезион.
Израелската армија ги продолжи воздушните напади врз Газа во текот на ноќта и ги уништи куќите на тројцата водачи на Хамас. Вкупно 500 цели беа погодени во Газа, пренесе ТАСС.
Палестинците, од друга страна, објавија најмалку 35 жртви од ескалацијата на конфликтот, вклучително и деца.